ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 8:04 AM

Временска прогноза: Сончево време со мала до умерена локална облачност

Сончево време со мала до умерена локална облачност не’ очекува денеска во земјава. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11 и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе се искачи до 35 степени.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1