ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 6:45 PM

Присилна концесија на дивеч во повеќе ловишта, одлучи Владата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за присилна концесија на дивечот во ловиштата „Сараево“, „Ратевска Река“, „Палазлија“, „Џами Тепе“  и „Чифлик“ во ловниот реон Берово, „Кадина Река“ во ловниот реон Скопје, „Душегубица“ во ловниот реон Кичево, „Копришница“ во ловниот реон Неготино и „Рожден“ во ловниот реон Кавадарци на присилна концесија на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Национални шуми“ – Скопје.

Со ова привремено концесионирање на овие ловишта, кои беа без концесионер, ќе се обезбеди поголема ефикасност на претходната одлука на Владата за преземање мерки за намалување на густината на популацијата на дивата свиња во ловиштата во Република Северна Македонија како превентивна мерка од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1