ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 6:29 PM

Документи на СЈО пронајдени во домот на Боки 13

При претресот во домот на Бојан Јовановски биле пронајдени голем број докази кои ги потврдуваат сознанијата од видео и аудио материјалите објавени во врска со случајот „Рекет“. Освен тоа, кај Боки 13 дома биле најдени и документи од Специјалното јавно обвинителство поврзани со голем дел од бизнисмените од случаите „Империја“ и „поштенска банка“, пишува МКД.мк.

Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот „Рекет” кога ќе оценам дека треба, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска. Таа рече дека сѐ уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знат каде се, а за дел работат на тоа.

МКД.МК


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1