ММС

Од одлуката на Владата ќе зависи по кој модел ќе се гасифицира Штип

Дали ќе биде тоа јавно приватно партнерство, со  делумна или целосна помош на Владата или целосно со општински средства, за моделот се чека одговор од централната власт.

Општината Штип веќе за неполн месец ќе го има проектот за почетокот на гасификацијата. Градоначалникот Благој Бочварски вели дека со тоа, Штип станува првата општина, покрај постоечките три, која ќе биде подготвена да влезе во секундарната гасификација.

-Ние работиме на проект за 20 километарска гасификаци. Проектите се во финална фаза – зборувам за основниот проект и инфраструктурниот проект. Идејниот проект е готов. Очекувам од Владата поддршка за гасификацијата, за да можеме побрзо и поефикасно да влеземе во гасифицирањто, да намалиме трошоци на компаниите,  на општинските институции и овде секоја поддршка ќе ни биде добредојдена, изјави Бочварски.

За таа цел, Бочварски разговарал со советникот на премиерот за енергетика за тоа каков модел на гасификација да биде одбран.

-Дали со сопствени средства градот ќе се гасифицира, со јавно приватно партнерство или преку поддршка од страна на Владата. Кога тие ќе имаат конечна одлука, ние ќе можеме да донесеме наша одлука, објасни градоначалникот Бочварски.

Идејата за јавно приватно партнерство беше промовирана пред неколку години, кога имаше и заинтересирана компанија да влезе во партнерство со Општината Штип.

Деновиве од Владата излегоа со препорака до општините да го забрзаат процесот на гасификација. Од предвидените средства за гасифицирање на државата, остануваат неискористени околу 400 милиони денари, што се надеж за општините како Штип, која е во напредна фаза на подготовки за почеток на проектот.