ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 2:58 PM

(видео)Хероината на песната „Селма“ го прослави својот 90-ти роденден со Бебек

Во еден од најголемите хитови на бендот Бијело Дугме, главниот лик е Селма, голема љубов на Владо Дијак, кој никогаш не и’ ги признал  чувствата кон неа, но ги претвори во песна што сè уште допира до срцата на многумина. Селма завчера наполни 90 години, а покрај новинарите ја посети и Жељко Бебек, пејачот кој емотивно ја испеа антологиската песна.

“Мојата драга Селма го прослави својот 90-ти роденден. Среќен роденден од срце”, напиша Бебек во насловот на фотографијата на Инстаграм.


Селма се појави во една од телевезиските емисии пред скоро десетина години, а Бебек ја отпеа оваа култна песна. Селма емотивно ја придружуваше целата песна, не криејќи ги солзите во очите и тивко потпевнувајќи го рефренот на песната напишана за неа пред многу време, кога тргнала на факултет и зад себе го оставила вљубениот Дијак, не знаејќи ништо за неговите чувства.

Љубовта на Владо и Селма почнува далечната 1945 година, кога се запознале. Селма при гостувањето на телевизија пред неколку години, прозборе за нивните почетоци.

-Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата спроти и ме гледаше цело време. Се чинеше дека се заинтересира веднаш. Подоцна се запознавме на корзото. Еднаш ме сретна со куфер, го зеде и го носеше. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Стоев до еден оштетен прозорец и тој ми довикна: „Селма, не потпирај се на прозорецот“ , раскажа тогаш Селма опишувајќи го настанот од 1949 година што влезе во рефренот на култната песна.

Комбинирајќи ја едноставната реченица од пред нејзиното заминување и емоциите кои го возбудувале четири години, Дијак спакувал сè што сакал да и’ каже во таа песна. Селма оваа негова порака ја добила дури по смртта на Дијак,  откако нејзиниот татко и’ испратил напис во весник во кој се објавени стиховите.

Иако многумина не веруваа дека е тоа тивко страдање на младиот поет, таа му се доверила на Горан Бреговиќ, откако го посети гробот на Дијак, при што му признала дека и таа патела за него, а потоа објавила збирка поезија, „Селма патува на факултет“. Оваа колекција ја содржи песната „Сеќавајќи се на Владо“.

Денес Селма живее сама во Загреб и им порача на сите новинари кои ја посетија дека е многу осамена. Ги покани сите да ја посетат повторно. Како што вели таа, умреле сите што нешто и’ значеле.

-Ретко патувам. Сестра ми Нура-Марија неодамна почина во Мостар, и имам се помалку и помалку луѓе со кои го поминав животот. Одам во продавницата, разговарам со познаници и тоа е тоа”, рече Селма.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1