ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 1:15 PM

Камчев не спомна политичари во исказот, освен Заев во делот дека пријавил кај него – тврди Русковска

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска попладнево пред Советот на јавни обвинители ги образложи причините зошто е осомничена шефицата на СЈО, Катица Јанева во случајот Рекет.

„Јас им ги презентирав доказите кои досега ги имаме собрано – искази на сведоци, записникот за примање кривична пријава од едниот сведок, разговорите кои ги има снимено и кои ни ги има дадено“, изјави Русковска на излегување од зградата на Советот на јавни обвинители. Новинарите ја прашаа, за што поконкретно се интересирале обвинителите, но таа кусо посочи дека одговорила на сите прашања, а тие останале сами да извршат увид во предметот.

„Не можам да ви кажам што ме прашаа“, рече Рускоска, додавајќи дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не присуствувал на седницата.

Русковска откри дека се уште не знаат како протекол во јавноста, записникот од исказот на сведокот во Рекет, Орце Камчев. Тој вчера во Обвинителството повторно даваше исказ за овој случај, а Русковска потенцираше дека го повикале зашто сметале дека ќе даде дополнителни информации.

Што се однесува до исказот за кој записникот беше објавен во медиумите, обвинителката денеска изјави дека во него не се споменуваат политичари.

„Зоран Заев е споменат во делот каде што Камчев кажува дека пријавил кај него, други политичари не се споменуваат“, појасни обвинителката, според која се уште нема потреба на повторно сослушување да биде повикан осомничениот Бојан Јовановски.

Новинарите денеска ја прашаа и до каде е финансиската истрага, но таа одби да даде информации. Кусо посочи дека се работи интензивно и дека не може во јавност да изнесува вакви информации зашто се работи за истражна постапка.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1