ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 12:52 PM

Запленет хероин во Чаир, приведени четворица дилери

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, вчера  изврши претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир, Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Ф.П. бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, врз основа на судска наредба, претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51), исто така во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана,  дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“.  Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1