ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 11:07 AM

Автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Возилата од јавниот превоз утре поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП-Скопје.

По делничен возен ред ќе сообраќаат само возилата на приватните превозници, односно линиите 11, 11А, 47А, 55 и 55Б.

Дежурни ќе бидат билетарниците кај Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, кај Зелен пазар од 7 до 19.30 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1