ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 10:43 AM

(ФОТО) Што остана по пожарот на Велешкото Езеро

Огромна е метеријалната штета по пожарот на Велешко Езеро, но уште поголема е штетата по животната средина. Околина  на велешкото езеро „Младост” е омилено рекреативно место на велешани и многубројни домашни и странски туристи. Експертите посочуваат дека последиците се големи и ќе треба да поминат многу години за боровата  шума која пред 50 години доброволно ја засадија велешани  повторно да се ревитализира.

Полицијата синоќа приведе четворица лица кои работеле со електричен алат под сомнение дека го предизвикале пожарот од искри на сува трева, кој брзо се прошири и зафати голема површина. 

Во продолжение фотографиите од пустошот што го остави огнот, што пред малку ги направи нашата новинарка Убавка Јаневска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1