ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 9:55 AM

Балканот испусте: Од 1990 досега го напуштиле девет милиони луѓе

Во потрага по подобар живот, Балканот од од 1990 година наваму го напуштиле 8,7 милиони луѓе. Бројката е пресек од истражувањата на меѓународни организации и на национални заводи за статистика за движењето на населението во периодот од 1990 до 2019 година во Романија, Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Ако се земат предвид и другите демографски околности, како намалениот број на раѓања, смртноста, на овие простори живеат околу 11 милиони луѓе помалку отколку што би требало да има.

Се проценува дека Србија досега ја напуштиле нешто повеќе од еден милион луѓе, Албанија – 700.000, Бугарија – 600.000, Македонија – 500.000, Хрватска повеќе од 300.000, Црна Гора 150.000… Водечка е најголемата земја според бројот на жители – Романија, која само во последните девет години (откако е членка на ЕУ) ја напуштиле 3,4 милиони жители.

Единствено Словенија, која е уште привлечна за работа за жителите на балканските земји, се доселиле повеќе луѓе отколку што заминале.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1