ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 8:55 AM

Крвава ноќ во Будва: Две лица се повредени при вооружен напад

Две лица се повредени при вооружен напад во Будва, ноќеска во 2 часот по полноќ, откако во нив пукал маскиран напаѓач. Според подгорички Вијесник, Драган Марковиќ и Горан Словиниќ беа ранети околу два часа по полноќ на терасата на ресторанот Корковада, под старите градски ѕидини во Будва.

Додека седеле во ресторанот, маж облечен во силиконска маска се приближил до масата на која бил Марко Љубиша и пукал кон нив од пиштол „скорпија“.

Според очевидци, човекот мирно се приближил до масата каде седнале тројцата, потоа го извадил пиштолот го насочил кон Љубиша, а потоа ги застрелал Словиниќ и Марковиќ.

Потоа пукал во правец на Љубиша, кој го избегнал дождот од куршуми. По пукањето, луѓето почнале да бегаат, настанала турканица, во која напаѓачот успеал да избега.

Очевидците го опишуваат маскираниот човек висок од 185 до 190 см. со црна коса и на возраст помеѓу 30 и 40 години.

Ранетите се надвор од животната опасност и се во болница во Котор. Полицијата синоќа го блокираше градот во потрага по напаѓачот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1