ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 8:20 AM

Пожар пеплоса дел од куќа во кумановско Орашац

Пожар вчера пеплосал една соба од семејна куќа во кумановското село Орашац. Како што информираат од Регионалниот центар за Управување со кризи, четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 12:40 до 14:20 часот, при што спречиле огнот да се прошири и на останатите простории од куќата.

Нема информации што го предизвикало огнот, но причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Кумановските пожарникари интервенција вчера бележат и на улицата „Илинденска“ каде во период од 13:45 до 14:20 часот гаснеле запалена сува трева, исто како и на локалитетот „Серава“ неколку часа подоцна.

Сува трева и стрниште гореле и во селото Умин дол, каде пожарникарите интервенирале во период од 17:30 до 19:40 часот.

 

Никола Ивановски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1