ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/27/19 6:54 AM

Дебата – „Ветингот како мерка за јакнење на интегритетот на институциите”

„Ветингот како мерка за јакнење на интегритетот на институциите” е тема на шестата сесија на Работната група 4 (Правда, слободи и безбедност – Поглавје 24) од Националната конвенција за ЕУ (НКЕУ-МК) што ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници.

Како што информираат организаторите, во насока на обезбедување поголема функционалност и интегритет на институциите во правосудниот и безбедносниот систем перманентно се наметнува потребата од преиспитување на професионалноста и посветеноста на вработените во однос на извршувањето на своите работни улоги.

-Меѓу различните мерки кои се преземаат за остварување на таа цел е ветингот т.e. проверката (скрининг) на лицата кои претендираат да вршат некоја функција (задача) или веќе ја извршуваат. Предизвикот да се дискутира за ветингот на шестата сесија на РГ-4 од НКЕУ-МК произлезе од актуелноста на концептот во последните неколку месеци, од иницијативите за негова примена во институциите, но и многуте дилеми и прашања што примената на овој концепт ги наметнува. Ветингот и неговата примена во безбедносниот сектор има посебно значење поради специфичноста на самата област во која ризиците и последиците се значително поголеми, се наведува во соопштението.

На сесијата е најавено учеството на експерти од НКЕУ-МК и од Словачка, меѓу кои професорот од Универзитет на ЈИЕ Блерим Река и словачката експертка Андреа Јалечова од Националната канцеларија за ветинг во Братислава, која споделувајќи го своето искуство од овој процес, ќе укаже на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 24.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1