ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 6:34 PM

Делчево:Советник од ГРОМ премина во СДСМ и го зголеми мнозинството

Од денеска советничката група на СДСМ Делчево брои девет советници. Вице Стоиловски од партијата ГРОМ, кој досега делуваше како независен советник, на денеска одржаната 28 седница, даде исказ дека од сега ќе ги застапува интересите на пратеничката група на СДСМ.
-Сакам да ја дадам следнава изјава дека јас, Вице Стоиловски, како советник во Општина Делчево кој досега делуваше независно, од денеска ќе делувам во рамки на советничката група предводена од СДСМ, изјави Стоиловски.
Стоиловски на почетокот на мандатот на сегашниот состав од делчевскиот совет, делуваше како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, за минатиот октомври да ја напушти оваа коалиција и заклучно со денешната седница, делуваше како независен советник.
Со денешната промена во Делчевскиот совет, советничката група на СДСМ сега брои девет советници, ВМРО-ДПМНЕ има пет советници, додека советникот Николчо Ситновски од ВМРО-НП, кој во август 2018 ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, останува да делува како независен советник согласно политиките на неговата партија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1