ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 2:54 PM

Заев-Брнабиќ: Соработка, а не блокади, фокус на иднината, не на минатото

Северна Македонија и Србија се блиски и пријателски земји со традиционално добри односи, земја со која немаме отворени прашања – оцени по денешната средба премиерот Заев.

Се работи на итензивирање на интеграциите и соработката на земјите на сите нивоа. Во таа насока е и денешното потпишување на три спогодби и заедничкото управување на граничниот премин Табановце – Прешево, со што двете земји заедно исполнуваат уште една обврска за интеграција на земјите во ЕУ,  на регионално и европско ниво“, изјави тој обраќајќи се на заедничка прес конференција со неговата српска колешка, Ана Брнабиќ.

„Регионалната соработка во овој момент се соочува со предизвици, да го следиме патот премостувајќи ги бариерите кон слободна трговија, послободен проток на граѓани, стоки, услуги, да се насочиме кон иднината, а многу помалку на она што се случуваше во минатато“, е заедничката порака што ја пренесе на прес-конференцијата Брнабиќ.

„Отворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија ќе придонесе за регионалната безбедност, рече таа. Потенцира дека Србија е за тоа во што пократок рок да се отворат преговорите со Северна Македонија бидејќи регионалната стабилносот е најголем интерес за регионот и без стабилен одржлив и предвидлив регион, истакна, нема да имаме стабилни економии во овој регион“, изјави премиерката.

Според неа, со отворањето на заедничкиот интегриран граничен премин е завршена огромна позитивна работа за граѓаните на Србија и Северна Македонија, но и за странците кои патуваат и преминуваат помеѓу двете држави.

Поосчи дека 2018-та била година кога е надминат износот од една милијарда евра во надворешно трговска размена, вклучувајќи ги и стоките и услугите, 856 милиони евра размена на стоки, а околу 198 милиони еври во секторот на услуги.

Информира дека е потпишана и спогодба и за споделување доверливи информации и елиминирање на пречките кои се создаваат при размена на документацијата по електронски пат.

Изрази благодарност за тоа што од 4. септември почнува  изучување на српскиот јазик во основните училишта во земјава, бидејќи како што рече, тоа ја продлабочува соработката меѓу двете земји.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1