ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 2:52 PM

Пожарот кај Велешкото езеро излегува од контрола

Пожарот кај селото Отовица, во непосредна близина на езерото Младост кај Велес.

„Општина Велес ги известува граѓаните дека во околината на езеро Младост избувна голем пожар и гори борова шума. Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.

Во моментот екипи на противпожарната служба од Велес и ЈП „Национални шуми” – Подружница ШС „Бабуна”, Велес се излезени на терен и се справуваат со настанатата ситуација. Истовремено се советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност“, велат од општина Велес.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1