ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 2:43 PM

Почнаа уписите на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип

Почнаа уписите за академска 2019/2020 година на Универзитетот „Гоце Делчев”(УГД) – Штип. До попладневните часови околу 500 матуранти аплицирале на еден од 12 факултети и три академии при овој Универзитет – соопшти на прес конференција проректорот за настава, Кирил Барбареев.

Како што беше очекувано, и годинава најголем интерес за уписи има на Медицинскиот факултет и тоа на студиската програма за општа медицина. До 12 часот на овој Факултет доставени се барања од околу 200 идни бруцоши.

Новина оваа година, согласно Законот за високо образование е оние матуранти, кои завршиле во учебната 2018/2019 година не можат да достават документи без положена државна матура. Во изминатите десеттина година на матурантите во земјава им се дозволуваше да се запишат на некој од универзитетите во земјава и со положена училишна матура.

„Тоа е одредба донесена согласно Законот за високо обраозвание, но имајќи предвид дека голем дел од училишната популација реагира тоа кажува дека не е соддветно информирана дека со таков концепт на завршена матура, тие немаат право да се запишуваат. Имајќи во предвид дека во изминатите 10 до 15 години, тоа не важеше. Значи некој требал подинамично, пооперативно да ги информира во четврта година средношколците, дека треба да внимаваат и да запишат и полагаат државна матура. Така што недостатокот е генерално кај сите“, вели Барбареев.

Во источниот регион над стотина матуранти не можат да се запишат на факултет, бидејќи немаат положено државна матура. Најавуваат дека ќе достават петиција до Министерството за образование.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1