ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 2:44 PM

Монструм: Фетаи најави дека премиерот Заев ќе биде повикан како сведок

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште.

Судијата Огнен Ставрев соопшти дека следното рочиште ќе продолжи на 5 септември со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од „бомбите”.

Еден од родителите на убиените момчиња на денешното рочиште побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тогаш тој се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.

Обвинителката Фетаи истакна дека во судница ќе биде повикан премиерот Заев.

Судијата Ставрев на странките им предложи доколку сакаат неколку дена пред судењето да ги разгледаат транскриптите за да се подготват за судењето.

На денешното рочиште за „Монструм“ беа доставени нови докази, односно транскрипти, кои ќе бидат објавени на наредното рочиште на 5-ти септември.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1