ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 2:34 PM

В четврток дезинсекција против ларви од комарци

Авионска дезинсекција против ларви и комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се изврши в четврток во раните утрински часови.

Како што информираат градските власти, истиот ден, во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција (од земја) против ларви од комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин – истакнуваат од Град Скопје.

Од Градот ги известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1