ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 2:36 PM

Пожар кај Велешко Езеро

Центарот за управување со кризи соопшти дека пожар избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна. На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Фото: tirekovmirece.com

Пожарот е во близина на велешкото езеро Младост, каде се наоѓаат ресторани и куќи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1