ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 12:02 PM

Обвинет во „Монструм“ се пожалил на смртни закани од затворски полицаец

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“ за петкратното убиство во Смилковско езеро, денес му се пожали на судијата Огнен Ставрев дека добил закани по живот од полицаец, кој учествувал во неговиот транспорт од затворот Штип во Кривичниот суд, пишува Журнал.

Азири се пожалил и на третманот при осигурувањето за транспорт,  дека лисиците му биле ставени со раце зад грб и покрај тоа што во 2014 година побарал да не бидат ставени така поради здравствени проблеми.

-Имам смртни закани од полицаец, кој ме носи на суд од затворот. Тој ми рече дека сите ќе добиеме куршум во главата и ќе заврши со сите нас. Лисиците исто така ми ги ставија на грб,а јас сум болен “, рече обвинетиот Фејзи Азири.

По сведочењето на Азири, полицискиот службеник од затворот изјавил дека ништо од ова не е точно, имено дека не му се заканувал на Азир ниту на некој друг.

Азири побарал да биде пренесен во затворот во Скопје.

Директорот на штипскиот затвор Мики Тодоров  вели дека нема информации за тврдењата на Азири за наводните закани од полицискиот службеник, бидејќи се’ уште се во Скопје. Тодоров потврди дека не е првпат Азири да бара преместување. До Управата за извршување на санкции за овој период додека е во Затворот – Штип, Азири има испратено неколку барања за преместување во Скопје. Во моментов Азири издржува казна затвор во траење од шест години за нелегално поседување оружје, додека од 09.12.2014 година до 01.12.2017 година издржувал доживотна казна затвор  за случајот „Монструм“, се’ до укинување на пресудите.

Азири беше и во двомесечно бегство, откако не се вратил од отсуство.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1