ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 9:54 AM

Изложба „4 перформанси, една идеја“ од Мифтар Мемети

Изложба на професорот Мифтар Мемети насловена „4 перформанси, една идеја“ вечерва ќе биде отворена во Чифте амам.

На изложбата што ќе биде поставена до 1 септември ќе бидат претставени вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника.

– Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10-годишен труд, инспириран од албанската историја и култура, преку 4 перформанси ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам. Сликите се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 поедничени дела во голем формат – информираат од НУ Национална галерија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1