ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/19 8:03 AM

Бразилски министер го нападна Макрон со погрдни зборови поради пожарите во Амазонија

Францускиот претседател, Емануел Макрон беше цел на напади на Твитер поради притисокот врз бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро да преземе акции за справување со пожарите во Амазонија. Еден од навредливите твитови беше на бразилскиот министер за образование Абрахам Вејнтрауб.

„Макрон не е на ниво на оваа дебата. Тој е само опортунистички кретен кој бара поддршка од француското аграрно лоби. Франција е држава на крајности. Таму се родени Декарт и Пастер, но исто така и колаборационисти со нацистите од Втората светска војна “, напиша министерот откако Макрон се спротистави на договорот за слободна трговија ЕУ-Меркосур.

Во петокот синот на претседателот Болсонаро – Едуардо, кој е пратеник и иден нов амбасадор во Вашингтон, објави на Твитер видео снимки од протестите на Жолтите елеци во Франција со текст:

„Макрон е идиот“. Олаво де Карваљо, писател и „гуру“ на Жаир Болсонаро, кој живее во САД, си поигра на Твитер со презимето на Макрон и го нарече – „Макрокон“ (од Macron и con, што на француски значи „глупак“).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1