Откако опозицијата денеска обвини дека премиерот Зоран Заев ја опструирал истрагата за Рекет, од СДСМ возвратија дека опструирањето истраги било одлика на ВМРО-ДПМНЕ.
Во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај – велат од СДСМ.
Владеачката партија ги повика надлежните институции да го расчистат ваквиот случај.