ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/25/19 6:13 PM

Над 640 првачиња оваа учебна година во гостиварските училишта

Гостиварската локална самоуправа ги приврши подготовките за почетокот на претстојната учебна година. Постапките околу набавките за огрев и превоз се завршени, а се очекува и поголем број на првачиња да седнат во училишните клупи.

Во општинскиот сектор за образование според последните податоци оценуваат дека има благ тренд на зголемување на бројката на учениците.

„Во основните училишта во градот и околните села, запишани се 642 првачиња, а вкупната бројка ќе се знае со почетокот на школската година. Зголемување има и во средните училишта каде во прва година се запишани 921 ученик. Споредено со ланските, бројките се поголеми за дваесетина ученици и во основните и средните училишта“, рече Аслијан Снопче, раководител на секторот за образование.

Таа потврди дека привршиле и непоходните подготовки со дезинфекција на објектите и дека се подмирени сметките за изминатиот период.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1