ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/25/19 1:40 PM

Русија ќе разгледа евентуален повик за влез во Г7 на следниот самит во САД

Кремљ ќе размисли за повик до Русија за учество на следниот самит на Г7 во САД доколку го добие – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„На прес-конференцијата, претседателот Путин веќе одговори дека ако (поканата) пристигне, ние дефинитивно ќе ја разгледаме“, рече Песков.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во Биариц изјави дека е „сигурно можно“ Русија да биде поканета на следниот самит на Г7, што ќе се одржи во САД.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1