ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/24/19 3:09 PM

За борба против загревањето на Земјата потребни се 1.000 долари годишно по жител

Исполнувањето на целите на Парискиот договор за климата ќе чини 1.000 долари по глава на жител годишно – изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, повикувајќи на рефинансирање на зелениот фонд клима.

-Климатското затоплување е скапо. Според наша проценка, ако сакаме да ги исполниме целите на Парискиот договор, следната година ќе бидат потребни 1.000 американски долари по глава на жител годишно. Меѓународните организации треба да бидат мобилизирани, Светската банка, Европската инвестициска банка и очекуваме најави за зелениот фонд за климата од самитот на Г7 во Биариц – објасни министерот во Елисејската палата по средбата со претставници на деловните активности.

Ле Мер прецизираше дека ги повикал своите колеги, министрите за финансии на Г7 и ги замолил да учествуваат во тоа рефинансирање. Зелениот фонд за клима, основан во Канкун, Мексико во 2010 година и покренат во Дурбан, ЈАР следната година, им дава приоритет на земјите во развој кои се изложени на климатски промени. Првичната цел на фондот беше да собере 100 милијарди американски долари годишно од развиените земји во корист на земјите во развој.

Парискиот договор подоцна ја прошири оваа цел до 2025 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1