ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/24/19 8:23 AM

Љубоморен руски лекар и политичар си ја убил сопругата пред децата

Азат Зарипов (50), руски угледен лекар и политичар, ја убил својата сопруга пред трите деца бидејќи ја фатил сопругата со друг маж, соопштуваат од полицијата. Зарипов признал дека убиството на сопругата Елена Зарипова (32) го извршил пред очите на нивниот син и двете ќерки, пренесува „Мирор“.

Застапникот на округот од главната руска политичка партија што го поддржува Путин во својата сопруга истрелал два патрона од ловечка пушка по жестоката расправија во нивниот стан во Челјабинскиот регион. Тешко ранетата жена потоа починала во локалната болница. Грижата за единаесетгодишниот син и за двете ќерки на седумгодишна и на тригдишна возраст ја презела мајката на убиената Елена.

„Сакав да ја убијам Елена. Испив две пива и ја застрелав“, рекол Зарипов, кој е во притвор, а ако биде осуден го чека казна до 15 години затвор.

Пропутиновската партија Обединета Русија го суспендирала неговото членство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1