ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/24/19 7:40 AM

Тој има 90, а неговото „фиќо“ 53 години, но уште со него секој втор ден оди на хемодијализа

Секој вторник, четврток и сабота во последните шест години Јосип Балажиќ од Осиек рано наутро седнува во своето „фиќо“ и го оди патот долг пет километри во еден правец до болницата во која е на хемодијализа. А потоа, по истиот пат и со истиот автомобил, се враќа дома кај сопругата Марија.

Но, она што во оваа прикзна, која ја објавува загрепски „Јутарњи лист“, е посебно интересно се годините. Јосип има 90, а неговата „застава 750“ – 53 години. „Фиќото“ е уште од „контрашите“, на кои вратите им се отвораа контра. Во „Црвена застава“ од Крагуевац било произведено во 1966 година. До денес тоа „фиќо“ е единствениот автомобил што Јосип Балажиќ го имал, а веројатно така ќе остане и до крај.

„Го купив од пријател во 1967 година, една година откако било произведено. Со сопругата Марија (89) со него поминавме илјадници километри и многу држави – Унгарија, Италија, цела СФРЈ. Никогаш не не’ изневери. И денес го одржувам редовно и верувам дека уште ќе служи“, оптимист е Јосип.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1