– ММС
Вести Свет

Хуманост без граници: Самохрана мајка од Риека на улица најде 7.000 евра, ги врати и му ја спаси куќата на сопственикот

Прикзната за мистериозниот плик полн со пари, кои завчера на улица ги пронајде риечанката Јасна Врховац, се прошири на социјалните мрежи и за 24 часа доби среќен крај. Познати и непознати помогнаа да се најде сопственикот на сумата пари (7.000 евра и 200 куни), од која, како што Јасна напишала, и’ се завртело во главата.

Благодарение на повеќе од 1.200 споделувања на Фејсбук, откриени се сопствениците, а Врховац, која инаку се занимава со хуманитарна работа, ја открива и целата приказна.

Всушнот, се работело за пари кои синот од Германија му ги испратил на својот татко за да го плати долгот кон банката бидејќи куќата им била под хипотека. Синот и заминал во Германија за нешто да заработи и да ја спасат куќата. Парите за татка си ги испратил по свој пријател, кој ги изгубил на улица. На пликот пишувало само: „За тато“.

Среќе, и со солзи во очите, татакото, кој живее на островот Крк, извадил од пликот 1.000 евра и како благодарност и’ ги понудил на Јасна, која тоа го одбила.

Лограње

X

Регистрација