ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 3:03 PM

Штура и летаргична е истрагата за Рекет, смета опозицијата (Видео)

Не стивнуваат реакциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот Рекет, за кој денеска на прес конференција повторно се огласи портпаролот,  Димче Арсовски.

„Нарачателите на Катица Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за овој милионски Рекет. Обрачот околу Зоран Заев се затега. Џабе им е одлагањето на експедитивна истрага цели четири месеци. Џабе им е што ја оставија Катица Јанева четири месеци да брише траги и докази, да форматира компјутери во СЈО, да влијае врз сведоци. Истрагата се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност“, смета Арсовски.

Тој јавно адресираше неколку прашања до властите:

Зошто се’ уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој има една од клучните улоги во комуникацијата со бизнисмените во телевизијата на Бојан 13?

Зошто се’ уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?

До каде е истрагата за Кики и Фрики? Дали е вистина дека тие ги имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев?

До каде е истрагата на УЈП и на финансовата полиција кои требаше од вчера да почнат со истрага и зошто истите доцнеа цели 4 месеци со почеток на истрагата?

Кои луѓе од СЈО се инволвирани во случајот Рекет, зошто овие се’ уште информации се уште се кријат?


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1