ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 2:56 PM

Поранешни вработени во „Охис“ преку протест ги бараат неисплатените плати

Фото: Медиумска информативна агенција

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис“, која е во стечај, денеска повторно протестираа низ скопските улици.  Протестот го почнаа утрово околу 08 часот пред Сојузот на синдикатите на Македонија.

Преку протестот, тие побараа исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме – велат вработените од „Охис“.

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката. Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1