ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 2:42 PM

Македонските одбојкари на контролни дуели со Шведска

Во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство, македонската одбојкарска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревара со Шведска. Првиот дуел е закажан за попладнево, а вториот в недела. Двете средби ќе с еиграат во СРЦ „Кале“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

Селекторот на Македонија, Никола Матијашевиќ ќе има уште две средби за да реши кои играчи ќе го носат дресот на Европското првенство во септември. Најпрво на 30-ти овој месец со Украина во полуфиналето на турнирот „Чајка“, а ден потоа со Белгија или со Бугарија во зависност од резултатот од нивнот полуфинален дуел.

На 5 и на 6 септември „црвено-жолтите“ ќе и бидат гости на Австрија во пријателските средби во Сент Полтен.

Нивен прв противник на ЕП во Љубљана ќе биде Финска, а во групата се и селекциите на Турција, Русија, Белорусија и со Словенија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1