ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 2:25 PM

Двете лица од Дебар кај кои беа пронајдени 20 килограми марихуана денеска ќе бидат изведени пред судија

Пред судија на Основниот суд Тетово денес ќе бидат изведени двете лица од Дебар кај кои вчера беа пронајдени 20-тина килограми марихуана. Само овој месец во тетовско-гостиварскот регион приведени се повеќе од 30 лица поради наркотици.

Двете лица од Дебар кај кои вчера беа пронајдени 20-тина килограми марихуана денес со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово. Дрогата беше најдена во возилото со кое се превезувале при сообраќајна контрола.

Вчера ( 22 август ) околу 17 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Д.(21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Инаку во изминатиов период во тетовско-гостиварскиот регион речиси секојдневно има случаи на пронајдена дрога. Од слобода се лишени над 30 лица само во текот на овој месец поради недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори или уживање на наркотични дроги. Според информациите на СВР Тетово најмногу пронајдена и одземена е марихуана, а потоа кокаин и хероин, најчесто при личен или преглед на возилата во кои се наоѓале лицата, но и при претреси во нивните домови, реализирани со судски наредби. Против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Данијела Билбилоска

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1