ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 2:34 PM

Публиката на Сараевскиот филмски фестивал го прогласи „Медена земја“ за најдобар документарец

Македонскиот филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубо Стефанов е добитник на наградата од публиката на Сараевскиот филмски фестивал. Македонската режисерка Теона Стругар Митевска пак, ја доби наградата наградата „Еуримаж“ за нејзиниот нов проект во развој „Најсреќниот човек во светот“.

На синоќешната церемонија за доделување на наградите , босанско-хрватскиот филм „Take Me Somewhere Nice“ на режисерката Ена Сендијаревиќ го освои „Срцето на Сараево“ за најдобар филм.

За најдобар режисер беше прогласен Емин Алпер за неговото дело во „A Tale of Three Sisters“. Наградата за најдобра актерка замина кај Ирина Јамбонас за улогата во филмот „Rounds“, додека за најдобар актер беше избран Леван Гелбакиани за неговата улога во „And Then We Danced“.

За најдобар краток филм беше избран „The last image of father“ на режисерот Стефан Ѓорѓевиќ. Филмот е соработка меѓу Србија, Хрватска и Грција. Специјално признание од жири беше доделено за романскиот краток филм „The Last Trip to the Seaside“.

Од студентската програма, пак, награда освои српскиот „Sherbet“ на Никола Стојановиќ.

Во категоријата документарен филм, наградата ја понеси „When the Persimmons Grew“ на Хилал Бајдаров и претставува соработка помеѓу Азербејџан и Австрија. Специјална награда од жирито доби босанскиот документарец „Stack of material“ на Сајра Субашиќ.

Инаку во Сараево, да го претстават филмот „Медена земја“ беа и главната протагонистка, Атиџе како и снимателот Самир Љума. Наградите во оваа програма ги освоија азербејџанскиот филм „Кога растеа јапонски јаболки“ на Хилал Бајдаров, една приказна за (не)разбирањето меѓу мајката и синот, каде што метафорично се судираат минатото и сегашноста и босанскиот „Премногу материјал“ на Сајра Субашиќ, кој зборува за една девојка која се враќа во Босна, во градот во кој живееле нејзините родители.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1