ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 2:18 PM

22-годишната активистка Рита Бехадини собира училишни материјали за деца од семејствата од социјален ризик од Тетово

Досега луѓето донирале 100-тина ранци и прибор во оваа хуманитарна акција под мотото „Овој септември, со полн ранец на училиште“.

Инспирирана од слична акција во Приштина, 22-годишната активистка Рита Бехадини, започна хуманитарна акција за собирање училишен прибор наменет за деца од семејства со социјален ризик. Под мотото „Овој септември, со полн ранец на училиште“ на повеќе локации во Тетово се поставени пунктови на кои граѓаните можат да донираат метеријали кои се потребни во образовниот процес.

-На 10 локации во Тетово, во книжарници и во кафулиња, има поставено кутуии каде луѓето можат да донираат училишни материјали, а јас потоа ќе ги поделам на семејствата каде имаат потеба, односно не можат да купат. Донациите се само во прибор, а не пари. Имавме неколку заинтересирани за донација на средства, но така потешко се работи, изјави Рита Бехадини.

Училишните материјали ќе бидат распределени на семејства чии деца посетуваат училишта во Тетово и Теарце.

-Ние имаме список, знаеме некои семејства кои имаат потреба, но ќе контактирам со директорите на училиштата во општините Тетово и Теарце, да ми дадат список од ученици. Досега имаме 100 семејства евидентирано, но за среќа имаме собрано средства за сите.

За крај Рита апелира граѓаните да ја покажат својата хуманост .

-Имате уште два дена, ако сакате да направите нешто добро за овој свет и нешто да промените – ДОНИРАЈТЕ.

Данијела Билбилоска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1