ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 8:34 AM

СДСМ со нови потпретседатели: Меѓу нив и Коста Петров, кој тврди дека адут му е неискуството во политиката

Централниот одбор на СДСМ вчеравечер одлучи да бидат избрани  пет потпретседатели на партијата. Станува збор за Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Фросина Ременски и Александар Кирацовски не се во потпретседателскиот тим, тој рече дека мандатот им е завршен, но дека остануваат во другите тела на партијата.

„Реков ако некој биде осомничен партијата ќе постапи принципиелно, верувам дека никој не згрешил. Одлуките се донесени од порано тие остануваат во партијата. Ременски и Кирацовски не се оти мандатот им заврши, тие се членови на Централен одбор, а Ременски е член и на Извршниот одбор на партијата“, изјави Заев.

По повод новата функција во СДСМ, писателот Коста Петров се огласи тврдејќи дека немањето искуство во политиката е неговиот адут.

Верувам дека со мојот ангажман ќе придонесам младите да останат во државава, дека со мојот пример за млад претприемач и моите контакти и искуство ќе помогнам на многу млади луѓе. Верувам дека мојот глас ќе биде гласот на тие млади луѓе кои ќе останат во државата и ќе направат промени, бидејќи нашата генерација допрва доаѓа – пишува тој во неговиот статус објавен на социјалната мрежа Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1