ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/23/19 7:04 AM

Хрватска: Се расипа рингишпил во Биоград – деца цел час поминале на височина од 30 метри, па ги симнувале пожарникари

Синоќа околу 19 часот дошло до дефект на голем рингишил во Биоград на Море, поради што повеќе луѓе, повеќето деца, останале заробени на височина од 30 метри, пишуваат хрватски медиуми. Припадници на противпожарната бригада на Биоград на Море пристигнале брзо, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.

Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала во 20 часот. Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1