ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 7:04 PM

Јанева останува во затвор, откако жалбата и беше одбиена

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за определениот 30-дневен притвор, потврдија од скопскиот кривичен суд за А1он. Тоа значи дека Јанева останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Кривичниот суд доцна синоќа и одреди 30-дневен притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ. Станува збор за прибавување имотна корист во значителен износ од 1,5 милиони евра. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.

А1он.мк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1