ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 3:56 PM

Во Дебар изгоре штала и дел од добитокот

Фото: Илустрација

Во пожар кој избувнал синоќа во штала во Дебар, изгореле повеќе грла добиток, а пеплосана е и поголема количина сено.

Според командирот на Територијалната протвпожарна единица Џетан Мифтароски дојавата за пожарот ја добиле во 22:40 часот по што веднаш се упатиле кон шталата, која е сместена во кругот на поранешниот армиски гарнизон. Во интервенцијата учествувале шест возила и десет пожарникари, кои спасиле 15 грла групен добиток, крави и телиња.

Дебарските пожарникари вчера попладне интервенирале и во гаснење пожар во шума над селото Броштица, каде била зафатена сува трева. Благодаение на интревенцијата на жителите, вели Мифтароски, избегнато е проширување на пожарот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1