ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 3:18 PM

Воз усмрти мигрант во Грција

Воз што сообраќал на релација Александруполи – Орменио во североисточниот дел на Грција, удрил и усмртил мигрант кој спиел на пругата, а неговиот пријател успеал навреме да побегне – објавија локалните медиуми, jави дописничката на Медиумската информативна агенција од Атина.

Според истите информации, веројатно станува збор за мигранти од Ирак кои преку Еврос влегле во Грција од Турција и следејќи ја железничката пруга имале намера да стигнат во внатрешноста на земјата. Машиновозачот бил приведен, а подоцна ослободен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1