ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 2:49 PM

Нов Зеланд: Додека пратеникот дебатира, претседателот му го храни детето (ВИДЕО)

За време на парламентарното заседание во Нов Зеланд, претседателот Тревор Малард го хранел шестнеделното бебе, синот на еден пратеник додека тој учествувал на дебата за цените на горивото.

Претседателот на парламентот во рацете го држел синот на пратеникот Таматај Кофи и неговиот партнер, кој минатиот месец го родила сурогат мајка, пренесува AP.

Малард се понудил да го придржи бебето на пратеник додека тој зборувал, нагласувајќи дека од секогаш се обидувал да им помага на пратениците со деца кога и да имал можност.

„Постојат моменти кога и јас можам да бидам од корист“, додал Тревор Малард во изјава за „Ројтерс“.

Практиката бебе да се носи во парламентот во Нов Зеланд не е необична појава. Премиерката Јасинда Ардерн минатата година стана прва премиерка од таа земја која зема породилно боледување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1