ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 2:47 PM

Викенд медиа фестивал: Како да се задржат најдобрите, кога сите заминуваат?

Медиумите секојдневно известуваат за „црните години“ во кои се наоѓа Хрватска. Во потрага по подобра работа, се’ повеќе луѓе ја напуштаат државата. Најголем дел од нив заминуваат за Германија, а неодамна беше објавено дека таму за две години се иселиле околу 110 000 луѓе, така што Хрватска се наоѓа на петтото место по иселување во Германија. Паралелно, работодавачите во Хрватска се соочуваат со повеќе предизвици меѓу кои проблемите околу сезонската работа и високите даноци.

Проблемите со работната сила во вакви услови, кои придонесоа и за „хистерија“ во медиумите се тема на една од панел дискусиите на Викенд медиа фестивалот во Ровињ. На оваа дебата ќе се отвори прашањето за да тоа како да се задржат најдобрите работници во компаниите, а на истата ќе дискутираат членови на управните одбори на најуспешните хрватски компании.

Директоророт на програмата на Фестивалот, Никола Врдољак најавува:

„Сакаме да презентираме деловни практики од кои сите ќе може да научиме по нешто. Знаеме дека состојбата е предизвикувачка, но има и прекрасни примери, на кои сакаме да им дадеме простор. Ќе се презентираат примери за тоа како да се создаде деловна околина во која најдобрите сакаат да останат. Ќе дискутираме за тоа колку е важна соработката на менаџерите за човечките ресури и на вработените во секторот за односи со јавноста“.

Во Ровињ ќе биде презентирано и првото големо истражување на агенцијата 404 и Хендал за тоа колку најголемите хрватски компании се успешни во управувањето со своите кадри. Ќе дознаеме дали се зголемува свеста за значењето на секторите за човечки ресурси во компниите и дали тие имаат позиции во управата на една компанија. Колку компаниите во Хрватска соработуваат со професионалците за односи со јавноста и за маркетинг, за да може нивнитекампањи да бидат поатрактивни. Истражувањето ќе покаже во каква состојба се интерните комуникации во компаниите, колку се важни правата на вработените, како се привлекуваат најдобрите таленти и какви се разликите меѓу вработените од различни генерации – велат организаторите.

Најголемиот регионален фестивал за комуникации освен по интересните предавања и конструктивните расправи за трендовите во медиумската индустрија, ќе биде познат и како место на најдобрата забава. Годинава, дваесеттото издание на Викенд медиа фестивал ќе се одржува од 19 до 22 септември во Ровин ќе донесе добро осмислена музичка програма.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1