ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 1:42 PM

Тарантино во улога на актер: На 57 години ќе ја игра главната животна улога – татко

Славниот режисер Квентин Тарантино кој изминатиот период е во фокусот на вниманието поради неговото ново филмско остварување „Си беше еднаш во Холивуд“ , по се изгледа фокусот на новинарите на него ќе го задржи за подголго време.

Тој и неговата сопруга Даниела Пик (35) со која се венчаа пред девет месеци, ќе добијат принова.  Тарантино на 57-тата година од неговиот животот ќе стане татко. Тоа е прво дете на познатиот режисер. Тарантино сега пред себе има нов проект, животниот – ќе стане татко.

„На Даниела и Квентин исклучително им е мило што можат да објават дека го очекуваат своето прво дете“, рекле за американскиот магазин „Пипл“.

Двојката се венча на традиционална еврејска венчавка во Беверли Хилс во најтесниот круг на семејството и пријателите. Првпат се сретнале уште во 2009 година, кога тој го промовирал својот филм „Немилосрдни гадови“ и тогаш ја започнале својата врска.

Заедно биле до 2015 година кога раскинале, а по неколку месеци се смириле и ја продолжиле својата љубовна врска.

Даниела Пик е пејачка со потекло од Израел, а нејзиниот татко е познат израелски пејач и автор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1