ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 11:40 AM

Хрватска: Плата од 2.000 евра и бесплатен стан за лекар во Дубровник, но не се пријавува никој

Здрвствениот дом во Дубровник даде оглас на Фејсбук за педијатар во педијатриската ординација во Мокошица, но веќе 15 дена не се пријавил ниту еден заинтересиран. Нето-платата е дури 14 илјади куни или 2.000 евра. Освен тоа, Здравствениот дом за лекарот дава и бесплатно сместување во стан од 50 квадратни метри, како и можност за дополнителна заработувачка во здравствените установи во Дубровник и во жупанијата, пишува „Дубровачки дневник“.

Се сакало да се утврди дали ќе има интерес пред официјално да биде распишан конкурс за вработување. Овој проблем во Хрватска од поодамна е присутен, а повремено се вработуваат и лекари од соседните земји, па и од Македонија.

„Нема лекари, нема педијтри. Лекарите со кои разговаравме се исклучително задоволни од условите што ги нудиме, но луѓето во Хрватска немаат навика да се селат во друг град заради работа, што е чест случај во развиените земји“, вели директорот на здравствениот дом во Дубровник.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1