ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 11:02 AM

Го нападнале и убиле неговите лавови

Леон ван Билјон го нападнале лавови на неговиот имот во близина на јужноафриканскиот град Кулинан додека се обидувал да ја поправи оградата на живеалиштето на неговите лавови што ги држел во заточеништво.

Ван Билјон на гостите на неговиот имот им нудел „ексклузивни предавања за лавовите, можност за хранење и останати активности“. Според локалните медиуми, тој бил познат под прекарот „Човек – Лав“. На имотот чувал три лава – Рамбо, Катрин и Накита, а самиот објект служел и како куќа за сафари и нудел сместување и конференциски содржини.

Портпаролката на полицијата во Кулинан потврдила за СНН дека во втрникот околу пладне 70-годишниот маж го убиле лавовите. Соседите се обиделе да му помогнат, но било предоцна. Набрзо потоа, лавовите биле убиени


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1