ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/19 9:36 AM

Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје изутринава заминала во Гевгелија на погреб на нејзината мајка, потврди за Медиумската информативна агенција директорот на затворот, Есад Рахиќ. Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и’ одреди триесетдневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Таа е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Обвинителката вчеравечер од Кривичниот суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор „Скопје“, но сепак и’ е дозволено денеска да замине за Гевгелија, каде под полициска придружба ќе присустува на погребот на нејзината мајка, која почина вчера изутрината по долго боледување.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1