– ММС
Вести Македонија

Јанева ја помина ноќта во Шутка во притвор

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доцна синоќа беше однесена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, откако судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор. За Јанева има основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањe, заради стекнување лична корист.Се очекува претпладнево со полициска придружба ќе замине на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.

Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милески. Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески, каде се расправало за мерката притвор.

Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева. На прашањето зошто тогаш завчера беше повикана во улога на сведок, Рускоска негираше дека била во тоа својство, туку како лице за добивање на информации. Рускоска, како што рече во интерес на истрагата,  не одговори на прашањето дали ЈО има и други снимки освен тие кои ги објави „Ла Верита“.

За тоа дали постојат и други бизнисмени кои пријавиле рекет, таа рече постои само еден, кој потврдил, со кого таа разговарала додека другите неколку негирале. Рускоска кажа дека истрагата е се’ уште е отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Стеван Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.

Судијата Сеад Реџепагиќ ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

На одлуката за притвор Јанева  има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Лограње

X

Регистрација