– ММС
Вести Македонија

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од нејзината куќа во Скопје

Со силно полициско обезбедување, пред малку од нејзиниот дом во скопската населба Козле, безе однесена специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева. Само неколку минути претходно замина камион со мебел и други предмети, како и спакувани кутии со хартии. Јанева од Обвинителството дојде со полицијата и адвокатот Стеван Павлевски, како што беше кажано, за во нејзино присуство да се собере доказниот материја – мебел и други предмети. Мебелот во износ од 298.000 денари,всушност, според  државниот јавен обвинител Љубомир Јанев, го набавил еден од осомничените, во замена за олеснувачки мерки и повластувања во случајот „Империја“.

Јанева, веќе е  во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка, кој ќе одлучува дали ќе го прифати барањето на обвинителството за одредување мерка притвор за специјалната обвинителка, која се сомничи за злоупотреба на службената положба.

Останатите двајца осомничени, кои се во притвор, барале 8 милиони евра, а добиле вкупно 1.500.000 евра, користејќи го пријателството со јавниот обвинител, овозможиле олеснителни мерки за осомничениот во „Империја“.

Лограње

X

Регистрација