– ММС
Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Нема да има правда додека не се испита улогата на политичарите во „Рекет“

Приведувањето на Катица Јанева требаше да се случи првиот ден од скандалот „Рекет“. Од излегувањето на скандалот до денес поминаа  повеќе од 40 дена и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше можност да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци и да работи се’ останато во нејзина корист. Ова го рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ, на прес конференцијата по апсењето на Катица Јанева.

Арсовски побара да се оди до, како што рече, главата на октоподот.

-Јанева е само една алка на синџиот на криминал. Скандалозно е тврдењето на Обвинителството дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Јанева која ја завршила главната работа земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните. Се додека не се стигне до инспираторите и нарачателите, се’ додека не се дознае улогата на политичарите, на Кики и Фрики, на Шеки, на главата на октоподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија, рече Арсовски.

Според портпаролот, неприфатливо е СЈО да го води в.д. именуван од редовите на постоечките специјални јавни обвинители, кои како што рече, се дел од „Рекет“. Заменикот на Јанева треба да се избере на начин како што таа беше избрана, односно со согласност на сите партии кои го донесуваа Законот за СЈО.

Лограње

X

Регистрација